Актуелниот светски првак во Формула 1 Макс Верстапен, денеска на социјалните мрежи излезе со информација дека тој нема намера да учествува на трката за ГН на Русија во Сочи.
И се поради фактот на инвазијата на Русија која ја изврши утринава врз Украина.
“Мислам дека ќе биде грешка ако се тркаме во земја што е во војна, тоа е сигурно. Но не се работи за она што јас ги мислам“ смета Холанѓанецот.
Исто како него свое мислење даде и Себастијан Фетел, кој е некогашен четирикратен светски првак во Ф1.
Тој беше многу пожесток во своите коментари…
„Јас лично реков дека нема да одам во Русија. Нема да биде добро за мене да се тркам во земја како Русија“ посочи Германецот.
Сега за сега нема најави од ФИА дека имаат намера да ја укинат трката во Сочи од годинашната сезона.