Динамо на Ристовски и Адеми ја победи Севиља но не помина понатаму (видео)

99

Стефан Ристовски беше во составот на Динамо Загреб кој вечерва ја совлада Севиља со 1:0 на „Максимир“ во рамките од 1/16 финалето на Лига Европа. И покрај триумфот „модрите“ не поминаа понатаму поради поразот на првиот меч од 3:1.

Единствениот гол за Динамо го постигна Оршиќ од пенал во второто полувреме. Ристовски играше до 61. минута кога беше заменет, а другиот македонски репрезентативец Аријан Адеми не играше поради повреда.

И Лацио испадна од Лига Европа по ремито на домашен терен од Порто со 2:2. На првиот меч Порто победи со 2:1 и оди понатаму со вкупни 4:3 .

Вечерва Лацио поведе со голот на Имобиле во 19. минута, изедначи Тареми од пенал во 31 минута, а Урибе во 68. минута донесе водство за Порто. Во последните моменти од натпреварот Каталди погоди за конечни 2:2.

За разлика од Лацио, другиот италијански претставник Аталанта помина во наредната фаза откако триумфираше на гости кај Олимпијакос со 3:0. Еден гол постигна Меле, а два Малиновски. Првиот меч во Бергамо Аталанта го доби со 2:1 со пресврт.

А Лајпциг го елиминира Сосиедад. Првиот дуел во Лајпциг заврши 2:2, а вечерва Германците победија со 3:1 во Сан Себастијан.

 

ПретходноМбапе ја одбил понудата на ПСЖ вредна 90 милиони евра годишно!
СледноПартизан ја исфрли Спарта Прага, Бодо/Глимт уште еднаш го победи Селтик (видео)