Крстевски: Жалам што ниту еднаш не бевме комплетни!

147

Александар Јончевски ја водеше македонската репрезентација на денешниот квалификациски дуел со Грузија, поради отсуството на Драган Бајиќ. Асистентот на Бајиќ смета дека не е се така лошо како што се суди според резултатот (70:91) од денешниот меч.

„Би сакал да и честитам на Грузија, има одлични, искусни кошаркари кои не успеавме да ги спречиме. Имавме добра енергија низ текот на мечот, но тие се премногу квалитетни за овој млад тим. Шестмина од нашите кошаркари, немаа ни една одиграна минута за репрезентацијата порано. Четворица се првпат во националниот тим. И кога на тоа ќе се додадат повредите и отсуството на селекторот Бајиќ, сметам дека имаше ситуации од кои можеме да бидеме задоволни“- изјави Јончевски на прес-конференцијата по натпреварот.

Искусниот Бојан Крстевски е еден од оние кои последните години постојано е на располагање на репрезентацијата. Сепак, немаше соодветна помош за нешто подобар резултат во Тбилиси.

„Противникот почна многу агресивно, а ние немавме одговор на агресивната одбрана. Во исто време, лесно излегуваа на крај со нашата одбрана и тоа резултираше со голем број лесни поени. Сепак, кога се ќе се земе предвид, имајќи предвид дека игравме со многу млади и неискусни кошаркари, покажавме добра енергија. Жалам што на ниеден од досегашните натпревари не бевме комплетни бидејќи имаме одлични кошаркари кои можат да ја носат оваа репрезентација“ – гласи анализата на Крстевски.

ПретходноЛуческу: Нема да бегам од Украина, не сум кукавица!
СледноГотово е: Новак веќе не е прв на АТП листата по поразот од Весели во Дубаи!