Елмас по прва победа над Барса, Ристовски брка негатива против Севиља, Николов по верификација во Португалија

157

По натпреварите во ЛШ, следуваат натпреварите во Лига Европа и во Лигата на конференциите.

Во Лига Европа се играат реванш натпреварите од 1/16 финалето. Најинтересниот се игра на „Диего Марадона“ каде Наполи ќе се соочи со Барселона. Првиот натпревар на „Ноу Камп“ заврши 1:1, вечерва е реваншот – моментот на вистината. Победникот патува во следната рунда.

Наполи предводен од Елиф Елмас ќе се обиде да дојде до првата победа над Барса во историјата и со тоа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛЕ.

Во претходните три меѓусебни дуели два меча завршиле 1:1, а еднаш победила Барселона со 3:1. Минатата година во осминафиналето на ЛШ Барса славеше со 3:1, а во Неапол беше 1:1.

Може да се спомне и дека Барса одиграла 28 натпревари на гости кај италијански екипи и има само осум победи, а дури 12 натпревари ги завршила со реми (осум порази).

Барса доаѓа со проблеми затоа што поради повреди ги нема на располагање Балде, Депај, Фати, Роберто и Умтити. Кај Наполи неизвесни се Инсиње и Малкут.

Во Загреб Адеми и Ристовски ќе бркаат победа над Севиља. Првиот меч го загубија со 3:1, а сега ќе им треба добра игра и среќа за да го турнат „мајсторот“ за освојување на ЛЕ. Кај Динамо неизвесен е Адеми кој се повреди на последниот првенствен меч. Севиља доаѓа без Ламела, Марсијал и Сусо.

Бобан Николов со Шериф гостува во Брага. Молдавскиот шампион доаѓа со предност од 2:0 и има големи шанси да помине во следната фаза. Играчот за врска и неговиот тим имаат одлична ситуација пред гостувањето во Португалија, и треба да се случи чудо па да бидат елиминирани.

НАТПРЕВАРИ 1/16 ФИНАЛЕ (РЕВАНШИ)

21:00 ч.

БРАГА – ШЕРИФ

Прв меч: 0:2

БЕТИС – ЗЕНИТ

Прв меч: 3:2

НАПОЛИ – БАРСЕЛОНА

Прв меч: 1:1

РЕНЏЕРС – БОРУСИЈА Д.

Прв меч: 4:2

 

ПОЧЕТОК: 18:45 ч.

ЛАЦИО – ПОРТО

Прв меч: 1:2

ДИНАМО – СЕВИЉА

Прв меч: 1:3

ОЛИМПИЈАКОС – АТАЛАНТА

Прв меч: 1:2

СОСИЕДАД – РБ ЛАЈПЦИГ

Прв меч: 2:2

ПретходноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Дербито меѓу Шкендија и А. Пандев за Грујоски
СледноБразилците од Шахтјор и Динамо Киев снимија видео: Помогнете ни да заминеме од Украина (ВИДЕО)