Смолов: Не за војна во Украина

690

Рускиот репрезентативец Федор Смолов на изненадување на многумина на социјалните мрежи сподели порака со која се противи на денеска започнатата војна во Украина од страна на неговата држава.

„Не за војна во Украина“ – напиша Смолов, и со тоа веројатно си направи огромни проблеми во татковината,  каде што настапува за тимот на Динамо Москва.

Смолов во моментов има 32. години и има педесетина настапи за Русија, што го прави и тоа како сериозен авторитет во тамошниот фудбал.

 

ПретходноЗагина млад фудбалер на Борусија Менхенгладбах
СледноДортмунд се огласи по повод ситуацијата во Украина