Европските медиуми само што ја пренесоа информацијата дека раководните труктури на УЕФА утре ќе одржат итен состанок на кој прва и единствена точка на распава ќе биде одземање на правото на домаќин на Санкт Петербург за годинешното финале од Лигата на Шампионите.
Веќе е речиси сигурно дека овој Руски град нема да биде домаќин на најважниот меч од сезоната, секако поради денешните воени дејствија на територијата на Украина од страна на војската на Русија. Освен што ќе му биде одземено правото на домаќин на Санкт Петербург, на утрешниот состанок ќе биде дефинирано и каде ќе биде префрлено финалето, а најголем фаворит е Лондон.