Украинските кошаркари со порака од Шпанија – Да нема војна! (ФОТО)

256

Денеска и спортот се дигна на нозе по нападот на Русија врз Украина. Спортистите испраќаат пораки за мир и поддршка за граѓаните на Украина.

Се огласија многу познати спортски имиња, на секој начин се обидуваат да го заштитат својот народ, да ја кренат свеста.

Ништо поразлично не беше ниту на квалификацискиот меч меѓу Шпанија и Украина, два тима кои се во група со Македонија. Актуелниот светски првак ја оправда улогата на фаворит, славеше со 88-74, но резултатот беше во втор план.

Кошаркарот на Украина, Артем Пустови испрати порака. На своето лице имаше испишано – NO WAR. Тие на оваа средба добија поддршка од шпанските кошаркари, цела Европа е со Украина и граѓаните на оваа земја.

ПретходноЛаказет во 95. минута донесе пресврт победа на Арсенал над Вулвс (видео)
СледноЕлмас цел меч на терен, Наполи нокаутиран од Барселона и елиминиран од ЛЕ (видео)