Европските фудбалски гиганти наголемо ги раскинуваат договорите со фирмите од Русија кои го рекламираат. Па така по Шалке, на ред дојде и Манчестер Јунајтед кој објави дека е подготвен да го раскине договорот со рускиот авиопревозник „Аерофлот“. Познато е зошто, и тоа поради агресијата на Русија врз Украина која започна утринава.
Англискиот гигант многу добро знае каква штета на имиџот на клубот ако и натаму Јунајтед ги користи услугите на „Аерофлот“.
Инаку важечкиот договор меѓу Јунајтед и рускиот авиопревозник е потпишан пред пет години и „тежи“ блиску 40 милиони фунти.