Алегри: Не се бориме за титулата

144

Иако водечките екипи во Серија А како Милан, Интер и Наполи киксираа на последните мечеви и сега бодовната разлика помеѓу нив и Јувентус е намалена, тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри вели дека и во ваква ситуација неговиот клуб не е во битка за титулата.

„Се бориме на сите фронтови, но Скудетото за нас е далеку, невозможно е да се освои.  Ние сме надвор од битката за титулата. Мислам дека 85 бода ќе бидат доволни за освојување на титулата, а ние тоа не можеме да го постигнеме. Имаме полуфинале во Купот на Италија против Фиорентина и меч против Виљареал во Лигата на шампионите. Во моментов нашата сезона е добра. Ќе видиме што ќе освоиме на крајот, но не е лесно да се биде трофеен секоја сезона“  – изјави Алегри.

 

ПретходноМазепин ќе биде исфрлен од Формула 1!?
СледноВеруваме дека ќе ја исфрлиме Барселона, сепак, ние сме Галатасарај!