Леванте блесна против Елче, Барди влезе во финишот

116

Леванте ја забележа третата победа сезонава со што останува во игра за опстанок во најсилната шпанска лига. Вечерва на свој терен го совлада Елче со 3:0 со што тимот од Валенсија направи три меча по ред без пораз (две победи и едно реми).

Леванте поведе со гол на Моралес во првото полувреме, а во второто стрелаа Де Фрутос и Мелеро. Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 76 минута.

И покрај триумфот Леванте е последен со 18 бодови, шест бодови од сигурната зона.

 

ПретходноХофенхајм во последните минути обезбеди пресврт победа против Штутгарт (видео)
СледноИнтер не го искористи киксот на Милан, одигра без голови во Џенова