Мазепин ќе биде исфрлен од Формула 1!?

391

Возачот на Формула 1 тимот „Хаас“, Никита Мазепин најверојатно ќе биде исфрлен од ова натпреварување по одлука на раководнте структури. Ова секако е уште еден одговор на она што во моментов се случува во Украина, и воената инвазија од страна на Русија, на што целиот свет одлучи да реагира.

Формула 1 веќе ја суспендираше трката за Големата награда на Русија во Сочи, а  донесе одлука и да биде тргната рекламата од болидот на „Хаас“ на компанијата Уралкали. Таа е во сопственост инаку на таткото на Никита Мазепин, рускиот милјардер, Димитри Мазепин.

 

ПретходноЕ.Пелистер рутински против Прилеп во последното супер-лигашко коло
СледноАлегри: Не се бориме за титулата