Данил Медведев со победа го прослави првото место на АТП листата, кое од понеделник официјално ќе му припадне. Рускиот тенисер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Акапулко, а за противник ќе го има Рафаел Надал во репризата од финалето на Австралија Опен.
Медведев во четвртфиналето беше подобар од Јошито Нишиока со 2-0 по сетови (6-2, 6-3). Тој имаше порака за случувањата меѓу Украина и Русија, вели дека во овој случај тенисот не е најважната работа. Посакува мир.
„Ги гледаме вестите, будењето во Москва не беше лесно. Тоа што сум тенисер сакам да го промовирам мирот во светот. Играме во многу земји. Едноставно не е лесно да се слушне оваа вест, јас сум за мир.
Луѓето мора да останат заедно. Во вакви моменти сфаќате дека тенисот не е толку важен. Не беше лесно да се игра и среќен сум што победивме. Секако да сеум среќн што стигнав до првото место, тоа беше моја цел од мали нозе“, изјави Медведев.
Надал пак беше подобар од Томи Пол со 2-0 по сетови (6-0, 7-6).