Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, смета дека следниот месец може да биде пресвртница за сезоната на „црвените ѓаволи“ и дали тие ќе успеат да ги остварат зацртаните цели. Утре дваесеткратниот шампион на Англија му гостува на Ватфорд , по што ќе влезе во исклучително тешка серија, во која ќе има дерби со Манчестер Сити , Тотенхем, реванш со Атлетико Мадрид и гостување кај Ливерпул.
„Натпреварот со Ватфорд е многу важен, но тоа е случај со речиси секој натпревар. Целосно сме свесни дека мораме да победиме. Натпреварите во март можеби ќе бидат одлучувачки за целата сезона, но ние прво треба да се ооправиме целосно од мечот со Атлетико, а потоа да го одиграме мечот со Ватфорд на највисоко можно ниво. Потоа ќе имаме нормална недела во која ќе се подготвиме за дербито со Манчестер Сити“ – изјави Рангник на денешниот официјален прес пред утрешниот дуел од новото коло во Премиер лигата. Истиот започнува од 16:00 часот.