Украински фудбалер: Сакам да бидам во првата борбена линија, тие убиваат цивили!

322

Руската инвазија во Украина предизвика низа реакции во јавноста и во спортскиот свет, од кои се издвојуваат оние на украинските спортисти. Еден кој коментираше е Васиљ Кравец, фудбалер на Леганес кој игра како позајмен во Спортинг Хихон.

„Тие убиваат луѓе, цивили. Не сакам да кажам дека вината е на Русите, вината е на Путин. Ние сме земја која сака да живее во мир, не сакаме да нападнеме никој, само сакаме да живееме мирно и мирно“, започна Кравец за шпанските медиуми потоа додаде:

„Ќе ви кажам искрено, сакам да и помогнам на земјата. Сакам да одам во војна за да му помогнам на мојот народ. Но, не можам да помогнам затоа што не знам како да пукам, како да се движам, како да го полнам пиштолот… Помошта е должност на секој Украинец“.

Претходно„Изгореа“ во пенал рулетот – Шериф и Николов се збогуваа со ЛE
СледноИ НБА-лига со порака до украинскиот народ (ВИДЕО)