Бразилецот Жуниор Мораес кој поради напредок во фудбалската кариера во 2019 година доби украинско државјанство и се приклучи на репрезентацијата на оваа држава, меутоа сега стравува дека може да биде учесник во оружениот конфликт во државата.
Се се претвори во кошмар откако претседателот на Украина Володимир Зеленски воведе забрана за напуштање на државата на сите мажи на возраст од 18 до 60 години.
„Жуниор Мораеш е Бразилец, напаѓач на Шахтјор од Доњецк. Тој доби забрана да ја напушти Украина. Поседува украински пасош и може да добие повик да се бори против руските сили“, порача бразилскиот новинар Ренато Соуза за Си-Ен-Ен.