Веруваме дека ќе ја исфрлиме Барселона, сепак, ние сме Галатасарај!

543

Во осминафиналето на Лига Европа ќе се пресметаат Галатасарај и Барселона. Барса покажа сила и го исфрли Наполи во претходната рунда, а за пласман меѓу осумте најдобри ќе се бори со Галасарај.

Но од Галата порачуваат дека не се предаваат и дека можат да ја елиминираат Барса во ЛЕ.

Веруваме дека можеме да ја исфрлиме Барселона. Не смееме да забораивме дека ние сме Галатасарај“, вели членот на Управниот одбор Нихат Кирмиз.

Од друга страна тренерот Доменек Торен беше нешто пореален.

„Барселона во претходната ждрепка беше најлош тим, но во моментов се на високо ниво. Моментално се тим со веројатно најдобра форма во Европа. Чави знае што работи и против Наполи покажаа колку можат“, вели Торен.

Првиот меч се игра на 10 март, а реваншот седум дена подоцна.

 

ПретходноАлегри: Не се бориме за титулата
СледноМилан не успеа да го победи Удинезе, Нестор повторно „закован“ на клупа (видео)