Делов најдобар фудбалер на Кавадарци, Масларков најдобар спортски работник!

519

Вчера се одржи традицоналната манифестација „Најдоброто во спортот за минатата година во градот Кавадарци“. Голем дел од наградите заминаа, и тоа со право, во ФК Тиквеш кој во јуни минатата година ги израдува сите во градот со пласманот во Првата Лига и тоа по цели 18 години.

За фудбалер на годината беше избран Методија Делов од Тиквеш. За најдобар млад фудбалер беше прогласен Живко Коцев.

Додека за најдобар спортски работник за 2021 година беше избран Миле Масларков, првиот човек на ФК Тиквеш.

За настан на годината во спортско Кавадарци секако дека беше одбран влезот на ФК Тиквеш во ПМФЛ.

ПретходноШок изјава: Ренато Санчез го има најголемиот пе*ис меѓу фудбалерите, ја жалам неговата девојка! (ВИДЕО)
СледноЧави: Френки де Јонг е ГЕНИЈАЛЕЦ!