Дембеле со глупостите го надмина и Балотели!

490

Осман Дембеле има договор до крајот на сезоната, одлучи истиот да го испочитува до крај, иако раководството на клубот му даде до знаење дека нема да смета на него, а како казна за одбивањето да ја продолжи соработката може да заврши на трибините.

На репрезентативецот на Франција тоа не му сметаше, сакаше да остане, а Чави Хернандез одлучи да го искористи и покрај тоа што ниту фановите не го сакаат и постојано го исфиркуваат.

Дембели вчера на дуелот против Наполи во реванш мечот од Европската лига во 75. минута доби шанса да влезе во игра. Но, пред да го стори тоа, сфати дека под себе нема дрес. Мораше да оди до соблекувалната за да земе дрес.

За оваа бизарна ситуација говореше и тренерот на каталонскиот гигант.

„Кога сакаше да влезе во игра, сфати дека нема дрес, мораше да оди до соблекувална за да го донесе, сето тоа траеше нешто подолго“, рече Чави.

Барселона со вкупни 5-2 мина во следната фаза, а денеска ќе го додзнае името на новиот ривал.

ПретходноМакедонија У-16 одигра 1:1 против Ц.Звезда!
СледноВладимир, Марија и Бојан ги подигнаа наградите освоени во „ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“