Е.Пелистер рутински против Прилеп во последното супер-лигашко коло

92

Е.Пелистер продолжи победнички во домашната Супер-лига. Избраниците на Жељко Бабиќ пред своите фанови го совладаа Прилеп со 33-20 во последното коло од регуларниот дел. Оваа средба не решаваше ништо за двата тима, домаќинот оди во плеј-офот, гостите во плеј-аутот.

Во составот ги немаше Периќ, Кукоски и Табоада, кои добија слободен ден, додека надвор од стројот од претходно се Обрадовиќ и Велковски.

Битолчани поведоа со 7-1, па со 10-2. На другата страна гостите беа немоќни против далеку поискусниот и посилен состав, во првиот дел постигнаа само шест гола. На другата страна Е.Пелистер реализираше 13 погодоци.

Ништо не се промени ниту во следните 30. минута. Домашниот тим продолжи со доминацијата, поведе со двоцифрени 17-7, до крајот рутински го приведе дуелот.

Павлетиќ постигна шест гола, пет имаше Костески. Бикоски, Шокоски и Гавашелишвил имаа по четири погодоци.

ПретходноРеал му нуди нов договор на Асенсио, но тој има понуди од Англија
СледноМазепин ќе биде исфрлен од Формула 1!?