И НБА-лига со порака до украинскиот народ (ВИДЕО)

185

По пауза од неколку дена поради Ол-стар викендот продолжија мечевите во НБА-лигата. И од најсилното светско клупско натпреварување беа испратени пораки до Украина и нејзините граѓани.

Пред почеток на дуелот меѓу Сакраменто и Денвер, играчите на центарот на терен застанаа и испратија порака за мир, нивните мисли се со народот во Украина, кој веќе два дена е на напад од страна на Русија. Имаше и минута молчење.

Денвер без проблем го доби овој дуел со 128-110 и се зацврсти на шестото место во Западната конференција, последната позиција која води во плеј-офот.

Никола Јокиќ блескаше, беше на чекор до трипл-дабл, запиша 25 поени, 12 скока и 9 асистенции. Прв стрелец беше Бартон со 31 поен. На другата страна Сабонис имаше 33 поени, 14 скока и пет асистенции.

Резултати: Детроит – Кливленд 106-103, Бруклин – Бостон 106-129, Чикаго – Атланта 1121-08, Минесота – Мемфис 119-114, Оклахома – Феникс 104-124, Портланд – Голден Стејт 95-132, Сакраменто – Денвер 110-128.

ПретходноУкраински фудбалер: Сакам да бидам во првата борбена линија, тие убиваат цивили!
СледноМедведев завери полуфинале со Надал и порача: Во вакви моменти тенисот не е важен!