Крафт е победник на скокалницата во Лахти

84

Австрискиот ски-скокач Стефан Крафт триумфираше на големата скокалница во фински Лахти во рамките на Светскиот куп. Ова е прв настап на скокачите после Олимпијадата во Пекинг, а Крафт успеа да заврши прв со скоковите од 124,5 и 131 метар со што собра вкупно 283,1 поен.

Инаку ова е втор негов триумф сезонава по оној во Клингентал на 11 декември минатата година.

Второто место му припадна на Халвор Егнер Гранеруд од Норвешка, а третото на Пјотр Жила од Полска.

Во генералниот пласман на првото место се уште е Германецот Карл Гајгер.

Во недела на програмата е втората рунда на скокови во Лахти, а потоа експедицијата се сели во Норвешка, прво во Лилехамер потоа во Осло.

ПретходноМилан не успеа да го победи Удинезе, Нестор повторно „закован“ на клупа (видео)
СледноНант и Лазаров сигурни во францускиот шампионат