Предмалку во Нион се одржа ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Европа за тековната сезона.Екипата на Ц. Звезда, единствена од клубовите од екс – Југославија која стигна во оваа фаза, за ривал го доби Глазгов Ренџерс. Првиот меч се игра во Шкотска, додека реваншот на „Маракана“ во Белград.
„Црвено – белите“ истиот ривал го добија и во 1/8 финалето во 1990-1991 кога ја освои титулата во Купот на Шампионите.
Барселона, најголемиот фаворит за титулата, ќе игра против Галатасарај, првиот меч се игра на „Камп Ноу“.
Спартак Москва како домаќин својот натпревар ќе го игра на неутрален терен поради агресијата на Русија врз Украина.
ДВОЈКИ -1/8 ФИНАЛЕ:
ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС – Ц. ЗВЕЗДА
БРАГА – МОНАКО
ПОРТО – ЛИОН
АТАЛАНТА – ЛЕВЕРКУЗЕН
СЕВИЛЈА – ВЕСТ ХЕМ
БАРСЕЛОНА – ГАЛАТАСАРАЈ
ЛАЈПЦИГ – СПАРТАК МОСКВА
БЕТИС – АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ
Натпреварите од оваа фаза се играат на 10 и 17 март.