Максимална казна за Зверев по скандалот во Акапулко

276

Германскиот тенисер Александер Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако на мечот во двојки вербално и физички го нападна судијата. Тој на крајот на мечот удираше со рекетот по неговото столче.

АТП за ваквото однесување го казни третиот тенисер во светот со максимална казна, одземање на заработените пари во Акапулко (30.000 долари) со дополнителни 40.000 долари.

Исто како Зверев ќе ги зигуби бодовите на турнирот на кој го бранеше тронот.

Најголема казна која АТП може да ја одреди за вербална навреда е 20.000 долари, истиот износ е за неспортско однесување. Зверев ги доби двете, АТП потенцира дека дополнително ќе го прегледа инцидентот, германскиот тенисер по скандалот јавно се извини.

Претходно„Бомбата“ на Моралес е едно од најдобрите ремек дела во ЛШ (ВИДЕО)
СледноПо три години му се врати на фудбалот – Марк Хјуз на кормилото на англиски клуб