Утре во меч од 21.коло во ПМФЛ, Брегалница и гостува на Македонија ЃП. Овој натпревар се игра во скопската населба Ѓорче Петров со почеток од 14 часот.
„Сините“ не стартуваа пролетва според посакувањата. Од можни шест бода освоија само еден, за разлика од нив „лавовите“ победија во двата меча.
За тоа што може Брегалница на утрешниот меч за клупскиот сајт свој коментар има Јован Манев, еден од најдобрите фудбалери на штипските „сини“.
“По гостувањето во Струга, утре не чека уште едно тешко гостување, и тоа кај Македонија ЃП. Максимално го почитуваме домашниот тим, има квалитет. Но, ние мора да дадеме се од себе за да дојдеме до позитивен резултат. Знаеме дека имаме добар тим кој може да се надигрува со секого, но тоа мора да го покажеме на терен“ потенцираше Манев.