Во првиот меч од 27 коло во Серија А лидерот Милан одигра само 1:1 против Удинезе и тоа на „Сан Сиро“. Рафаел Леао ги доведе „росонерите“ во предност во 29. минута, меѓутоа во 66. минута изедначи Удогие.
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски веќе четврти меч по ред е на клупата на Удинезе. Тој нема заиграно уште од 18 јануари кога одигра 13 минути во Купот на Италија. Во првенството нема настап уште од декември 2021 година.
Милан е лидер и покрај киксот со 57 бода, но сега Интер може да го стигне затоа што има три бода помалку и два меча помалку.
За Удинезе ова е 11-то реми и е втор по нерешени резултати во Калчото сезонава после Џенова. Моментално „црно-белите“ се на 14-тото место.