Нант и Лазаров сигурни во францускиот шампионат

85

Нема одмор за Нант и Кирил Лазаров. Само три дена по гостувањето кај Лемго во рамките на Европската лига, тимот на македонскиот селектор вечерва имаше ново гостување, кај Истр.

Нант ја оправда фаворитската улога, славеше со 28-32 за 14. триумф оваа сезона и одбрана на второто место на табелата во францускиот шампионат. Триумфот гостите го обезбедија во првото полувреме, имаа предност од пет гола 13-18, позитива која се покажа како доволна за нови бодови.

Лазаров не се запиша во листата на стрелци, имаше четири неуспешни обиди. Линус Персон со шест погодоци од осум обиди беше лидер во редовите на Нант.

ПретходноКрафт е победник на скокалницата во Лахти
Следно„Алијанц арена“ во боите на Украина