Уште еден удар од страна на УЕФА врз Русија. Откако започна руската агресија вчера врз Украина, УЕФА веднаш реагираше. Прво на Санкт Петербург му го одзеде домаќинството на финалето во Лигата на Шампионите, а потоа одлучи баражите за СП во Катар 2022 да не се играат во Москва или воопшто во Русија туку на неутрален терен. Ова значи дека мечот меѓу Русија и Полска кој беше закажан за 24 март во Москва ќе се игра на неутрален терен.
Сепак за ова се прашува и ФИФА, па таа ќе мора да ја даде конечната разврска.