Ужасни сцени ни доаѓаат од фудбалски Бразил. Имено врз клупскиот автобус на Бахиа, инаку второлигашки клуб во таа земја, било фрлена бомба додека играчите биле во него. Нема посебни информации за тоа кој бил тој што ја флил експлозивната направа, мада во преден план се посочуваат фановите на овој клуб кои не биле задоволни од игрите на своите љубимци.
Најтешко бил повреден голманот Данило Фернандеш кој завршил во болница.