Не во Лондон, не на „Вембли“ како што се најавуваше и посакуваше од страна на Англија туку во Франција ќе се игра финалето во Лигата на Шампионите на 28 мај. Имено познато е дека поради руската агресија врз Украина, УЕФА му го одзеде домаќинството на Санкт Петербург на финалето во ЛШ.
Во “игра“ беа неколку стадиони во Англија и во некои други земји, но УЕФА одлучи домаќин на финалето да биде Париз и стадионот “Сен Дени“. Што значи ако ПСЖ дојде до финалето ќе игра во својот Париз.