Вардар 1961 по завршување на 12. коло во Лигата на шампионите „скокна“ на петото место во групата А. Македонскиот првак направи голем исчекор кон пласманот во следната рунда на две кола до крајот од регуларниот дел.
Во СЦ „Јане Сандански“, ракометарите на Вардар 1961 беа подобри од ППД Загреб, еден од директните конкуренти за место во осминафиналето. На оваа средба видовме неколку атрактивни погодоци, а еден од нив ЕХФТВ го смести во традиционалната Топ 5 листа по завршување на секое коло.
Станува збор за бомбата на Куни Моралес на почетокот на дуелот со хрватскиот тим.
Најдобрите погодоци можете да ги видите ТУКА.