Босанчиќ: Струга ТЛ сака со три бода да се врати од Велес!

144

Во минатото коло и тоа против Брегалница, Немања Босанчиќ, интернационалецот од Србија во дресот на Струга Трим Лум го постигна најубавиот гол на колото. Неговиот фантастичен шут од слободен удар му донесе на неговиот тим бод против штипските „сини“.

Во пресрет на неделното гостување во Велес, каде Струга Трим Лум се среќава со Борец, Босанчиќ за клупскиот сајт истакнува…

И гостуваме на екипа која се бори за опстанок, на која бодовите секако дека и се императив. Затоа сметам дека не чека тежок натпревар против Борец. Од друга страна Струга Трим Лум како клуб има свои амбиции. Не криеме дека сакаме од ова тешко гостување да се вратиме со трите бода и уште повеќе да се приближиме кон горниот дел на табелата во ПМФЛ“ истакна одличниот играч за врска на Струга ТЛ, Немања Босанчиќ.

ПретходноМанев пред мечот со “лавовите“: Брегалница својот квалитет мора да го покаже на терен!
СледноРеал му нуди нов договор на Асенсио, но тој има понуди од Англија