Бразил ќе менува селектор по мундијалот во Катар

87

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, ќе си замине од оваа функција по крајот на Мундијалот во Катар кој е закажан крајот на оваа календарска година.

Селекторот е на оваа функција од 2016 година и мора да се признае дека истата не ја обавува со премногу успех. Бразил одамна нема освоено нешто големо, освен Копа Америка во 2019. година. На Мундијалите немаат поголеми успеаси последните години, и затоа овој во Катар треба да постави нов колоселк.

„Нема што да кријам. Мундијалот во Катар ќе е завршница на еден циклус. Лично сум освоил се во кариерата, останува да го освојам уште Мундијалот“ – изјави Тите за медиумите во Бразил.

Epa/Marcelo Sayao
ПретходноГолем ден за фудбалот: Ериксен утре во составот на Брендфорд
СледноРангник: Следниот месец може да биде одлучувачки за сезоната