Уште еден удар за Русија: ФИА одлучи да нема трка во Ф1 за ГН во Сочи!

115

Уште еден удар, тежок удар за Русија на спортски план. Сосема очекувано ако се знае дека оваа земја вчера изврши инвазија врз Украина.

Па така ФИА одлучи за оваа календарска година да не се вози трката во Формула 1 за ГН на Русија во Сочи.

Колку за потсетување, вчера со свои изјави Макс Верстапен и Себастијан Фетел, сегашниот и поранешниот светски првак во Ф1 изјавија дека немаат намера да се тркаат во земја каква што е Русија.

ПретходноЛК – 1/8 ФИНАЛЕ: Партизан против Феенорд, Мурињо и Рома со Витесе
СледноУжас во Бразил: Со бомба нападнат автобусот на Бахиа!