Хофенхајм во последните минути обезбеди пресврт победа против Штутгарт (видео)

75

Во првиот меч од 24. коло во германската Бундес лига екипата на Хофенхајм забележа победа над Штутгарт со 2:1. Во 43 минута Хоф поведе но голот на Хубнер беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд.

А во 58. минута Ендо го доведе Штутгарт во водство кое го имаше се до 85. минута. А тогаш им се случи потоп.

Австрискиот играч за врска Кристоф Баумгартнер со два брзи гола ја обезбеди победата на Хофенхајм која е 12-та сезонава. Штутгарт е претпоследен со 19 бода, четири помалку од сигурната зона.

 

ПретходноЕВРОЛИГА: Звезда падна во Атина, Монако го уништи Фенер
СледноЛеванте блесна против Елче, Барди влезе во финишот