Роман Абрамович ќе го напушти сопственичкото место во Челзи. Рускиот тајкун кој повеќе од дваесет години го води Челзи и е негов сопственик по новонастанатата ситуација и забраната повеќе да престојува во Велика Британија реши да го препушти клубот на друг. Ова е соопштено од негова страна преку официјалниот сајт на клубот. Едноставно, даден му е ултиматум на Абрамович дека мора да го напушти и сопственичкото место на Челзи, затоа што едноставноодби да се огради од Русија, и нападот на оваа држава врз Украина како и од претседателот на Русија, Владимир Путин, инаку негов добар пријател.
„Во текот на овие дваесетина години како го водам клубот Челзи секогаш се грижев за него и носев одлуки кои се најдобри и во интерес за клубот. Останувам верен тоа и затоа денес одлучив да го препуштам управувањето на клубот на штитениците на добротворната оргаизација Челзи Верувам дека тие се во надобра позиција да продолжат да се грижат за клубот, играчите, членовите на клубот како и навивачите“ – изјави Абрамович за официјалниот сајт на клубот.
Statement from Club Owner Roman Abramovich.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 26, 2022