Босанците добија гаранција за безбедност на територијата на Литванија

180

Во спортот настана хаос, тешко е да се каже кој меч ќе се одигра, а кој не, особено за оние дуели кои се во земјите близу до Русија и Украина, каде се војува.

Босна и Херцеговина утринава имаше соопштение дека нема да патува за Литванија, откако преку дипломатски извори добиле информација дека и оваа држава не е безбедна за патување.

Откако ФИБА и литванската кошаркарска федерација им дадоа гаранција дека ќе бидат безбедни, репрезентацијата на Босна и Херцеговина со чартер ќе отпатува за Вилнус, каде утре го игра реванш дуелот од првата фаза во квалификациите за место на СП 2023 година.

ПретходноБајрами по Костов и Османи, со “лекција“ и за Илчо Ѓорѓиоски! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНант на Лазаров не сака да игра со Чеховски Медведи додека Русија ја напаѓа Украина