Васоски со триумф на дебито на клупата на Сараево!

554

Одлично, супер-деби на Александар Васоски на клупата на Сараево на еден официјален меч. Македонскиот стратег во првиот меч од елитната лига во пролетната полусезона во елитната лига во БиХ, ги водеше своите “бордо“ момци до триумф од 0:2 на гостувањето кај Леотар во Требиње.

Уште во 13.минута се беше решено за Васоски и неговото Сараево, кога со головите на Суљиќ и Багариќ гостите од Сараево дојдоа до 0:2, резултат кој потоа беше чуван се до крајот.

Интересно, Васоски мечот го почна без Македонците Велкоски и Аврамовски. Првиот влезе во игра во 80.минута, а новиот член на Сараево го немаше ниту во записникот, па затоа Цујо своето деби на еден официјален меч ќе го има некој друг ден.

ПретходноПолувреме во Ѓорче: Македонија ЃП ја “полни“ Брегалница!
СледноТотенхем го “збриша“ Лидс!