Интересен и пред се возбудлив меч одиграа вечерва екипите на Сасуоло и Фиорентина, во кој на крајот сепак се радуваат домаќините. И тоа со гол постигнат во четвртата минута од судиското продолжение на крајот од мечот. Тогаш за домашниот Сасуоло погоди францускиот интернационалец Грегори Дефрел на асистенција на Доменико Берарди, и ги постави конечните 2:1 на овој меч.
Претходно домашните поведоа уште на стартот на мечот преку Траоре, и тоа водство траеше се до две минути до крајот на регуларниот дел. Тогаш за Фиорентина погоди Кабрал, и кога сите помислија дека 1:1 ќе биде и конечниот резултат Дефрел погоди за ерупција на домашните навивачи.