Меѓународниот олимписки одбор донесе одлука со која Русија и Украина на меѓународните спортски натпреварувања и мечеви нема да смеат да настапуваат под своите знамиња, ниту пак ќе се интонираат нивните химни.
„Извршниот одбор ги повикува сите меѓународни спортски сојузи да ги одложат или да ги откажат сите спортски настани кои се планирани во Русија или Белорусија. Сите треба да земат во предвид дека е прекршено олимпиското примирје од страна на руската и белоруската влада, и да се даде приоритет на спортистите, и нивната безбедност.
Покрај ова МОК апелира да не се интонираат химните на Русија и Белоруја на меѓународните натпревари, ниту пак да се истакнуваат нивните знамиња“, се вели во дел од известувањето на МОК“, потенцирајќи дека се загрижени за безбедноста на своите членови во Украина.
Апелот да не се патува во Белорусија најмногу го загрижува Вардар. Македонскиот првак на 2. март е гостин на Мешков во Брест во меч од Лигата на шампиони. Со оглед на состојбата во овој регион, се поизвесно е дека мечот нема да се одигра на оваа територија, се чека абер од ЕХФ.
Вчера европската „куќа на ракометот“ излезе со соопштение за дуелите кои Украина и Русија треба да играат, но никаде не беше споменат дуелот меѓу Мешков и Вардар, најверојатно се следи ситуацијата, безбедноста никој не може да ја гранатира.