Заврши голготата за нашиот репрезентативец, Ѓоко Зајков ја напушти Украина

2429

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Ѓоко Зајков и неговото семејство предмалку ја напуштија територијата на Украина и се на безбедно во Унгарија. Ја минаа границата помеѓу овие две држави и со тоа заврши неколкудневната голгота на нашиот интернационалец.

Семејството Зајкови неколку дена се обидуваше да ја напушти Украина откако на територијата на оваа држава започнаа воени дејствија и се изнаоѓаше начин како да се стори тоа. Авионскиот простор над оваа држжава беше затворен па тоа мораше да се стори по копнен пат односно со автомобил. На голема среќа Ѓоко Зајков и неговото семејство сега се на сигурно и ќе се упатат кон Македонија.

Зајков зимава потпиша за тимот на Ворскла Полтава и се требаше да биде во ред, се додека не започна нападот на соседна Русија кон Украина пред неколку дена по што поголемиот странски државјани решија да ја напуштат оваа земја.

 

 

ПретходноЈувентус победи во Емполи, Влаховиќ даде два гола (видео)
СледноМојсовски донесе реми на Бутел, битолчани триумфално низ Охрид