ЗАПАД: Емини во 95.минута за радост на Воска, Вардар го победи Тетекс, нов кикс на Силекс

2441

Изаир Емини е херојот на Воска Спорт. Се играше 95.минута кога капитенот на Воска успеа од пенал да погоди за победа од 1:0 на неговиот тим протов Охрид во градското дерби. Ова се златни бодови на Воска Спорт, посебно ако се знае дека и Вардар славеше против Тетекс.

Инаку по мечот во Охрид, каде на трибините на “Билјанини Извори“ имаше одново додта публика, дојде до мал инцидент каде “гостите“ имаа што да му кажат на судијата Боби Величков, веројатно незадоволни од тоа дека во последните секунди од мечот досуди пенал за “домашниот“ состав.

Вардар конечно победи, и тоа против Тетекс со 2:0 и тоа со головите на Дејан Блажевски и Дарко Глишиќ, но и натаму заостанува зад Воска со пет бодови.

Силекс со нов кикс, и во вториот пролетен дел кратовци не победи. Денеска на гости кај Беса одиграа 0:0, полна да се топи нивната предност. Силекс ќе мора да почне да победува по итно.

Велешта со 2:0 го победи Кадино, додека Гостивар како гостин успеа да го победи Кораби со 1:3.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 17.КОЛО

БЕСА – СИЛЕКС 0:0

ВЕЛЕШТА – КАДИНО 2:0

ВОСКА СПОРТ – ОХРИД 1:0

ВАРДАР – ТЕТЕКС 2:0

КОРАБИ – ГОСТИВАР 1:3

ТАБЕЛА

Силекс 43, Воска 38, Вардар 33, Тетекс 24, Гостивар 21, Кораби 20, Беса 17, Велешта 17, Охрид 16, Кадино 6.

ПретходноЃорче во еуфорија: Моќни се овие „лавови“, триумф против Брегалница за пролетни „три од три“!
СледноИСТОК: Беласица ја “распарчи“ ТИМ Локомотива, Саса шокирана дома, само по бод за Слога (В) и Победа