ЗАПАД: Кој ќе биде “ГАЗДА“ во Охрид, Вардар мора да го победи Тетекс, лидерот кај Беса…

325

 

Попладнево од 14 часот се играат мечевите од 17.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Два меча се во центарот на вниманието, тоа се градското дерби во Охрид во кое се среќаваат Воска Спорт и Охрид, а во Маџари  домашниот Вардар го дочекува Тетекс. Нашиот најтрофеен клуб мора до победа, се друго ќе биде катастрофа за него.

Воска Спорт во битката за тоа кој ќе биде „главен“ во Охрид се среќава со истоимениот тим. Поради фактот дека мечот е од висок ризик забранет е влезот за организирани навивачки групи, поединечно секој може да влезе.

Локалните дербија секогаш се интересни и неизвесни. Воска Спорт е фаворит на хартија, не криеме дека сакаме пласман во Прва лига. Сепак мора да бидеме внимателни, добро знаеме што минатиот викенд му се случи на Вардар на мечот со Охрид. Го цениме Охрид, но Воска Спорт оди на трите бода“ изјави дефанзивецот на Воска Спорт Христијан Грозданоски.

На останатите мечеви лидерот на табелата тимот на Силекс гостува на Беса, Велешта го пречекува Кадино, а Кораби составот на Гостивар.

ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО ВО ВМФЛ – ЗАПАД (ДЕНЕСКА 14 Ч)

БЕСА – СИЛЕКС

ВЕЛЕШТА – КАДИНО

ВОСКА СПОРТ – ОХРИД

ВАРДАР – ТЕТЕКС

КОРАБИ – ГОСТИВАР

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 42

2.ВОСКА СПОРТ 35

3.ВАРДАР 30

4.ТЕТЕКС 24

5.КОРАБИ 20

6.ГОСТИВАР 18

7.ОХРИД 16

8.БЕСА 16

9.ВЕЛЕШТА 14

10.КАДИНО 6

ПретходноПоследно коло од Супер-лигата: Битка за подобра позиција!
СледноАбрамович на удар на Британците, Тухел искрен: Ситуацијата е ужасна!