Зени Хузмани со двеста мечеви за Домжале

157

Македонскиот интернационалец и некогашен младински репрезентативец Зени Хусмани денеска го одигра двестотиот меч за тимот на Домжале. Хусмани што се вели е староседелец во овој клуб, и настапуваше таму од 2012 до 2018 година пред да направи кратна авантура во Турција, во тимот на Гилесунспор, односно во Македонија во тимот на Шкендија. Потоа повторно се врати во Домжале, каде што денеска пред мечот со Браво и триумфот од 3:0 свечано му беше доделен дрес со број 200.

Да се надеваме дека ќе го послужи здравјето па Зени Хусмани уште долго ќе го носи дресот на Домжале, а зошто и да не стане рекордер со најмногу настапи за овој клуб.

 

ПретходноПешевски и Штутгарт ставија крај на црната низа!
СледноДефрел му донесе триумф на Сасуоло над Фиорентина