Кејн-Сон најдобар тандем во историјата на Премиер лигата

154

Тотенхем немаше милост кон Лидс (4:0), а Кејн и Сон запишаа по еден гол, а плус Кејн запиша и асистенција за голот на Јужнокореецот.

Тандемот Кејн и Сон испишаа историја во Премиер лигата, затоа што во комбинација учествуваа во вкупно 37 голови во англиската елита.

Со тоа го подобрија рекордот на некогашниот тандем на Челзи Дрогба-Лампард кои заедно учествуваа во 36 погодоци во Премиер лигата.

На делба на третото место се Анри-Пирес (од Арсенал) и Агуеро-Д.Силва (Манчестер Сити) со по 29 комбинирани голови.

ПретходноРублев триумфира во Дубаи и го освои 10-тиот АТП трофеј
СледноВидео на денот – Зинченко и Микаленко во прегратка пред мечот на „Гудисон“