Ледецка победи на спустот во Кран Монтана

64

Чешката скијачка Естер Ледецка победи на спустот во женска конкуренција во швајцарското одморалиште Кран Монтана.

За 26-годишната Ледецка, која на почетокот на месецов ја освои олимписката титула во паралелен велеслалом во сноуборд, ја обезбеди првата победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање и трета во кариерата.

Таа беше за 21 стотинка побрза пред Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која заврши втора, и Австријката Корнелија Хитер беше трета на подиумот.

Микаела Шифрин води во генералниот пласман во Светскиот куп со 1.026 бодови. Втора е Словачката Петра Влхова која денеска го зазеде 20. Место.

ПретходноХаланд избира меѓу три тима, открива Спорт
СледноУЕФА бара начин како да го „откачи“ Гаспром