Надал фуриозно преку Медведев до финале, Британецот го шокираше Циципас (ВИДЕО)

441

Рафан Надал за кратко време доби нова битка против Данил Мдеведев. Русинот кој од понеделник ќе се искачи на првото место на АТП листата не најде начин како да му се реваншира на шпанскиот тенисер за поразот во финалето на Австралија опен.

Надал одигра одличен меч го совлада со 2-0 по сетови (6-2, 6-3) и во финалето ќе игра против Камерон Нори. За Рафа ова беше 14. триумф во низа, со кој почна да ги поместува границите.

Во првиот сет Шпанецот поведе со 3-1 и лесно го реши противникот, додека вториот наиде на поголем отпор, на средината спаси два гејме од 11 брејк топки и ја задржа предноста. Во деветиот гејм дојде до предност од 40:0, го одзема сервисот на противникот за сигурна победа.

Изненадување е се вика Нори. Британецот го шокираше Стефанос Циципас, го совлада со 2-0 (6-4, 6-4) после еден час и 19. минути борба.

ПретходноИнтер не го искористи киксот на Милан, одигра без голови во Џенова
СледноПутин го стори невозможното: Обедини навивачки групи кои се мразат од срце (ВИДЕО)