Во ракометот продолжуваат барањата за одложување на дел од дуелите. Откако ЕХФ донесе неколку одлуки поврзани со клубови и национални тимови од Русија и Украина, двете земји кои во овој момент војуваат, до адресата на европската „куќа на ракометот“ стигна барање од тимот на Кирил Лазаров.
Првиот човек на Нант, Гаел Палетие побара од ЕХФ да се одложи мечот со Чеховски Медведи во рамките на Европската лига. Францускиот тим не сака да го игра овој натпревар додека трае нападот на Русија врз Украина и покрај тоа што ракометарите не се виновни за ништо.