Македонските фудбалери кои играат во албанското првенство Илирид Адеми и Филип Најдовски стрелаа за своите екипи на денешните натпревари.
Адеми постигна гол во 89. минута во победата на неговиот тим Егнатиа над Кастриоти со 2:1. За Егнатиа играа уште двајца македонски фудбалери Филип Дурански и Бесарт Кривањева.
Филип Најдовски постигна еден гол во победата на Тирана над Лачи со 4:1. Играчот од средниот ред даде гол во 19. минута за водство од 2:0. За Тирана играа уште Кристијан Тошевски и Енур Тотре.
ГОЛОТ НА НАЈДОВСКИ НА ОВОЈ ЛИНК