Нов удар за Путин: И најславниот руски спортист е против војната во Украина!

1074

Руската инвазија врз Украина и натаму тече со несмален интензитет. Речиси сите познати спортисти апелираат за мир, а не мал број и руски спортисти го бараат тоа од својот претседател Владимир Путин.

Сепак најголемиот и најнеочекуван удар врз Путин дојде од неговиот голем пријател Александер Овечкин, хокеарот на Вашингтон, еден од најдобрите спортисти во светот и се разбира најславниот спортист на Русија во овој век. Овечкин беше симболот на модерна Русија.

Тој синоќа во пресрет на дуелот во НХЛ меѓу Вашингтон и Филаделфија апелираше да се запре војната што побргу…

Никогаш нема да поддржам војна, без разлика дали станува збор за Русија, Украина или некој трет. Никому не сакам зло, сакам мир, не сакам никому смрт. Путин мене ми е претседател, но јас не сум политичар. Јас сум спортист и си ја гледам својата работа, се надевам дека ова зло набргу ќе престане“ изјави рускиот хокеар Александер Овечкин.

ФОТО: Twitter

ПретходноЈончевски: Можеме да поправиме доста работи!
СледноПолувреме во Ѓорче: Македонија ЃП ја “полни“ Брегалница!