Жарко Пешевски и Штутгарт ставија крај на серијата од осум порази во низа во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен пикер на домашен терен го совлада Бергишер со 27-26 и после речиси два месеци се израдува на победа.
Штутгарт дојде до важни бодови во битката за опстанок во елитното германско друштво, се наоѓа над опасната зона, има 11 бода.
Пешевски дуелот го заврши со два гола од три обиди, а неговиот тим до триумфот дојде благодарение на добрата игра во првото полувреме кое го доби со 15-12.